ВИДЕО: Златан го поддржа МекГрегор и го нарече „Ибрахимовиќ во ММА“

Златан и МекГрегор

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е познат по своите тренинзи во стилот на ММА борците, па очекувано пред вечерашната борба помеѓу МекГрегор и Мејведер го одбра својот фаворит.

Повратникот во дресот на Манчестер Јунајтед изјави дека верува во победа на Ирецот, кој е огромен аутсајдер според обложувалниците во Лас Вегас.

„Верувам во Конор и во неговата победа против Мејведер. Јас како фан на ММА ја гледам оваа борба... не знам, може да заврши на страната на двата борци. Мислам дека ќе биде неизвесно, Конор има добар удар со левата рака и има самодоверба како мене. Тој е Ибрахимовиќ во ММА светот, а јас сум МекГрегор во фудбалот“ , вели шведскиот фудбалер.

Спектаклот во Лас Вегас е закажан за вечерва со почеток од 04.00 часот по полноќ.