Срамна одлука во Лас Вегас: Головкин го „разби“ Алварез, но на крај немаше победник

Головкин

Вчерашниот боскерски спектакл во Лас Вегас помеѓу Ганеди Головкин и Канело Алварез ги надмина сите очекувања, сè додека судиите не го кажаа својот збор.

По 12 рунди голема борба, се чинеше дека Казахстанецот направи повеќе од доволно за да ја запише 38. победа во својата кариера, но судиската одлука гласеше дека нема победник. Така, од невиден спектакл, борбата се претвори во невидена фарса на која свирежи беа испратени дури и од фановите на Мексиканецот.

Посебно контроверзна одлука направи Аделајде Бирд, која пресуди дека Алварез добил 10 од 12 рунди, што се чинеше невозможно и апсурдно. 

Така, една срамна одлука на судиите го фрли во сенка фантастичниот дуел, кој ги оправда сите очекувања и им пружи 12 одлични рунди на боксерските фанови во Лас Вегас и ширум светот.