Пред точно 30 години Тајсон го направи ова и изјави: Вечерва дојдов по крв! (ВИДЕО)

Тоа беше ноќ по кој боксот веќе не беше ист. Тој 22 ноември 1986 години уште долго ќе се памети, бидејќи тогашниот 20-годишен Мајк Тајсон стана најмладиот светски првак во тешка категорија, рекорд кој го држи и до ден денес. 

Противник му беше Јамајканецот Тревор Бербик, последниот боксер кој се борел со Мохамед Али и успеа да го победи. Десеттина сантиметри понискиот Тајсон во оваа борба влезе со 22 победи во низа, од кои 12 за помалку од година дена. Боксерските кругови веќе го гледаа Тајсон како нов владетел во овој спорт, а Бербик на тој дуел успеа на нозе да остане само рунда и пол, откако беше нокаутиран од „Челичниот“ Мајк. „Вечерва дојдов по крв“ по мечот накратко рече Тајсон. 

Проблематичниот поранешен боксер е роден во Њујорк и како дете бил во друштво на улични банди, а до својата 12. година, повеќе пати имал проблеми со законот. Тој бил фатен во воорежен грабеж и е испратен во поправен дом во близина на Њујорк. Неговите боксерски квалитети ги забележал професорот по физичко воспитување и го претставил Тајсон на тогаш легендарниот тренер Кус Дамат. Од неговите вкупно 58 меча, Тајсон брои 50 победи, од кои импресивни 44 со нокаут.