ВИДЕО: Победа во стилот на Тајсон – Боксер нокаутиран за само 21 секунда

Мечот за шампионската титула во ВБА категоријата кој се одржа во неделата, меѓу Французинот, Хасен Ндам Нжикаму и Алфонсо Бланко од Венецуела заврши неочекувано многу брзо. Всушност, Бланко во рингот успеа да остане на нозе само 21 секунда, откако беше нокаутиран по едно страотното десно кроше на Нжикаму. 

Дефинитивно овој нокаут заслужува да влезе во конкуренција за нокаут на годината, а интересен е податокот што Бланко по 12 победи првпат беше поразен на еден официјален меч.