МекГрегор се нарече „орангутанот кој не ги прекрши правилата на циркусот и се збогати многу од тоа“

Конор и Флојд

Ирскиот борец, Конор МекГрегор одново ја коментираше борбата против Флојд Мејведер и истата ја нарече циркус во кој ја имаше улогата на орангутан.

„Фатениот орангутан кој не ги прекрши правилата на еден циркус и се збогати многу од тоа“ , напиша Ирецот на својот Твитер профил.

Основната добивка на МекГрегор од спектаклот во Лас Вегас на 26 август е 30 милиони долари, но кога ќе се пресметаат спонзорствата и делот, кој што ќе добие од „pay-per-view“ заработката, би можел да ја надмине границата од 100 милиони долари.