МекГрегор: Мејведер ќе биде во безсознание на крајот од првата рунда!

Конор МекГрегор

Ирскиот борец, Конор МекГрегор се подготвува за борбата на својата кариера против еден од најдобрите дефанзивни боксери на сите времиња, Флојд Мејведер.

Спектаклот е закажан за 26 август во Лас Вегас, а во пресрет на истиот, двата борци вчера имаа нова средба пред фановите. И двата најавија дека борбата ќе биде кратка, а Ирецот вели дека ќе го нокаутира Мејведер во првите две рунди.

„До крајот на неделата, Лас Вегас ќе се претвори во Ирска. Ирците се тука за да ме поддржат, никој не е поголем од ирските фанови. Ќе го окупираме градот во наредните неколку дена. Се наоѓам во одлична форма, сконцентриран сум и подготвен да го шокирам светот, уште еднаш. Мејведер ќе биде во безсознание на крајот од првата рунда, а ако преживее, ќе го нокаутирам во втората“ , вели МекГрегор.

И покрај тоа што е огромен аутсајдер, Ирецот најавува спектакл и нокаут во раната фаза од бобрата, што ќе биде едно од најголемите спортски изненадувања во историјата.