МекГрегор: Барем да завршев на подот, така ќе знаев дека сум поразен

Фактот дека не се најде на подот е главната причина заради која Конрад МекГрегор жали и го обвинува судијата на историскиот меч против Флојд Мејведер.

МекГрегор смета дека борбата била израмнета и требало да продолжи, а не да биде прекината.

„Добро парирав во првите рунди, но мислам дека судијата прерано го прекина мечот. Дури не ни паднав на под. Мејведер беше тактичен во текот на целиот меч, но сакав мечот да продолжи. Бевме израмнети, но додека не завршам на подот, не признавам пораз. Така ќе знаев дека вистински сум поразен“, смета МекГрегор.

Ирецот физички добро се подготвувал и смета дека тој фактор не влијаел на финалниот исход. Според МекГрегор разликата меѓу него и Мејведер не е така голема како што многу медиуми сакаат да прикажат.