Мејведер влезе во друштво на Вудс и Џордан, стана „господин милијардер“

Американскиот боксер Флојд Мејведер успеа во „борбата на векот“ да го совлада Конор МекГрегор, со што заработи 350 милиони долари и влезе во друштвото на спортисти кои заработиле над милијарда долари во кариерата.

Мејведер до триумфот дојде со технички нокаут, а големиот настан му донесе и голема заработувачка. Заработките низ целата кариера му надминаа милијарда долари, со што тој стана третиот спортист кој дошол до ова достигнување.

Претходно, над милијарда долари во професионалните кариери заработија кошаркарот Мајкл Џордан, како и голферот Тајгер Вудс.