Мејведер: Ја сочував репутацијата на боксот, сега можам мирно во пензија

Боксот ја сочува својата репутација според Флојд Мејведер и Американецот заминува во пензија непоразен. Тој ноќва во 10. рунда го скрши отпорот на МекГрегор и со победа во мечот на столетието потврди дека боксот е за боксерите, а другите борци си имаат свои спортови.

„Очекував побрзо да победам, но МекГрегор се бореше подобро од очекуваното. Чекав да се замори и на крајот да го победам. Тој не навикнал на мечеви со ваква должина од преку 20-30 минути. Репутацијата на боксот е зачувана и сега можам да одам во пензија. Одбрав вистински противник за мојот професионален крај. Конрад е навистина голем шампион, но ова е бокс, а таму јас сум неприкосновен“, рече победникот Мејведер.

Борбата го обиколи светот, ја гледаа милијарда луѓе, а парите кои се вртеа околу и на рингот се апсолутен рекорд во еден спорт.