Ликвидација во Чикаго: Убиен еден од најталентираните боксери во светот

Ед Браун

Еден од најнадежните боксери на денешницата, Ед Браун од САД вчера беше убиен во Чикаго. 25-годишниот боксер се здобил со смртоносни повреди на главата, откако кон него и неговата девојка некој започнал да пука од спротивниот автомобил.

Куршумот, кој што го погодил во главата, на крај се испостави како кобен по неговиот живот, а неговата девојка се здоби со повреда на левата нога. Тој беше еден од најталентираните боксери во светот, кој на првите 20 професионални борби оствари исто толку победи, од кои 16 ги доби со нокаут.

Нема никакви информации за напаѓачот, а ова не е прв случај да се пука кон него. Неговиот тренер долго време го убедувал да го напушти Чикаго и да се пресели во Лас Вегас.