Кик-бокс репрезентацијата на Македонија со шест адути замина на ЕП во Грција

Македонската кик-бокс репрезентација во раните утрински часови замина за соседна Грција, каде што во период од 21 до 27 ноември ќе настапи на Европското Првенство, кое ќе се одржи во Атина.

На Европското првенство нашата репрезентација ќе настапи со шестмина кик-боксери, од кои четири во машка категорија, трикратниот светски првак Димитар Георгиев (-74 кг), Милан Кубин (-89 кг), светскиот првак Ненад Манојловски (-69 кг) и Јетмир Емрули (-71 кг), како и две девојки, носителката на бронзениот медал од Светското првенство, Стефани Тодорова (-60 кг) и Марија Божиновска (-70 кг),

Покрај шестмината боксери, во нашата делегација се и претседателот и селектор Дејан Митровски - Урко, генералниот секретар Драган Атанасовски, техничкиот координатор Розана Матева, новинарот Бошко Тасиќ и секундатот Карин Кифер.