ВИДЕО: И на 40 години имаше застрашувачка сила - Мајк Тајсон го нокаутира, па го спаси противникот

Мајк Тајсон

Во 90-те години беше страв и трепет за секој боксер, а ќе остане запаметен како едно од најпопуларните имиња кои се појавиле во боксерскиот ринг. Се работи за „челичниот“ Мајк Тајсон кој заработи огромно богатство во текот на својата професионална кариера, но истото го загуби за експресно време и во еден период остана без пари.

Моментално има 51 година и често се појавува во филмови, а знае и да биде дел од „реалити“ емисии во САД.

Одамна никој не го видел Мајк со боксерските ракавици, а таква можност имаше американската публика, која во 2006 година беше сведок на егзибицијата помеѓу него и пензионираниот боксер, Кори Сандерс.

Од борбата најмногу впечаток остави нокаутот кој Тајсон не дозволи да биде завршен, бидејќи го задржа својот противник со цел да ја продолжи размената на удари.

Видеото стана хит на Интернет, а по истото многумина помислија дека легендарниот боксер би можел да се врати во рингот.