Гоце Јаневски најдобар боксер, а БК Пелистер најуспешна екипа на државниот шампионат

Победникот на „Златниот гонг“ боксерот на БК Аперкат, Гоце Јаневски е најдобар боксер на државното првенство, кое што денес по петчасовни борби и 16 финалиња заврши во спортската сала „Младост“ во Битола. Јаневски покажа бокс, кој го освои жирито во кое учествуваа прославени боксерски имиња и боксерски работници. 

Најдобра екипа на шампионатот е БК Пелистер, екипа која даде три државни шампиони, а имаше уште двајца боксери кои беа многу блиску до титулата. Посебно се истакна Александар Димовски, кој со класичен нокаут во категоријата над 91 килограм го совлада Тодорче Цветков од БК Магнум.

Најдобар техничар на шампионатот е Никола Бубевски од БК Пелистер, а најдобар тренер Мирко Ристевски од БК Аперкат. Најмлад шампион е членот на БК Шкупи, Хурмет Јонузи, а најдобар судија штипјанецот Христијан Денков.

Државни прваци:

(Кадети)

70 килограми: Кристијан Арсов (Јордан Мијалков)

80 килограми: Стефан Дуковски (Нокаут СЦБТ)

(Јуниори)

64 килограми: Никола Арсов (Фајтер-Илери)

69 килограми: Хадис Рамадани (Магнус)

75 килограми: Никола Бубевски (Пелистер 2007)

91 килограм: Давуд Решиќ (Универзалци)

(Сениори)

60 килограми: Јове Петровски (Пелистер 2007)

69 килограми: Никола Арсов (Пинк Пантер тим)

75 килограми: Гоце Јаневски (Аперкат)

81 килограм: Андреј Митров (Магнус)

91 килограм: Илчо Јоноски (Пинк Пантер тим)

+91 килограм: Александар Димовски (Пелистер 2007)