Германски боксер во индуцирана кома, откако по борбата паднал во соблекувалната

34-годишниот германски боксер Едуард Гуткнехт итно е опериран поради крварење во мозокот и се наоѓа во индуцирана кома.

Боксерот паднал во соблекувалната по поразот во борбата со Џорџ Гровес за интернационалната титула во WBA верзијата во супер-средна категорија.

„Гуткнехт се наоѓа во индуцирана кома, се надеваме на најдоброто“, смета Томас Пуец, првиот човек на германската боксерска федерација. 

Во мечот на „Вембли“ Германецот примил многу тешки удари, а на крајот борбата ја загуби по 12 рунди.