ВИДЕО: Џошуа го „заспа“ Молина како загревање за спектаклот со Владимир Кличко

Ентони Џошуа нокаут

Еден од најдобрите боксери на денешницата, Ентони Џошуа од Велика Британија ја одбрани титулата во ИБФ со нокаут против Ерик Молина од САД. Боорбата беше прекината во третата рунда откако Британецот го забележа 18. нокаут во исто толку борби во својата кариера.

Борбата се одржа во Манчестер, а првично требаше да биде против Владимир Кличко, кој се повлече поради повреда. Овој дуел е одложен за наредната година и е еден од најочекуваните во последните неколку години. Спектаклот ќе се одржи на 29 април на „Вембли“ пред повеќе од 80.000 гледачи.

Боксерските експерти му предвидуваат тежок меч на Кличко, кој ќе се спротистави на човекот кому му предвидуваат долго владеење во тешка категорија.