Државниот шампионат во бокс ќе се одржи в петок и в сабота во Битола

В петок и в сабота во спортската сала „Младост“ во Битола со почеток во 17.00 часот ќе се одржува Државното првенство во бокс за кадети, јуниори и сениори.

Пријавени се сите клубови од нашата земја и конкуренцијата оваа година ќе биде уште поголема. Покрај шампионатот ќе се одржи и семинар за тренери, нешто што не се случило десетина години.

Најавено е и вонредно собрание на Боксерската федерација на Македонија за да се променат члaнови на Управниот одбор.