Докторите му доделија медицинска суспензија од два месеци на Конор МекГрегор

Ирскиот ММА борач, Конор МекГрегор беше поразен од Флојд Мејведер во најскапиот бокс меч во историјата, но сега ќе мора да паузира во наредните два месеци. Ирецот го врати од пензија Мејведер и успеа да издржи десет рунди, но со технички нокаут на крајот беше поразен.

Поради силните удари кои ги прими и добиениот потрес на мозокот, докторите му забранија да се натпреварува во наредните два месеци. МекГрегор доби медицинска суспензија и поради тоа најрано што ќе може да се врати во рингот ќе биде на 26 октомври.

Исто така доби препорака до 11 окотомври да биде внимателен и да нема физички контакти. Ваква процедура следи после секоја борба, само за да се заштити здравстбената состојба на спортистите.