ВИДЕО: Борбата на столетието за Мејведер – МекГрегор нокаутиран во 10. рунда

Легендарниот американски боксер, Флојд Мејведер, заминува во пензија како апсолутен шампион – со 50 триумфи во кариерата, откако на вчерашната суперборба во 10. рунда го нокаутира ММА борецот Конор МекГрегор.

Иако овој меч во Лас Вегас беше најавен како меч на столетието се чини дека оние кои го сакаат овој спорт не добија квалитетна и рамноправна борба, бидејќи таа траеше онолку колку да се задоволи публиката, па Флојд ги презеде работите во свои раце го уништи противникот, ги собра парите и си замина во легендите. 

По  неколкуте досадни рунди одлуката падна во десеттата, кога главниот судија ја прекина борбата по жестоката серија на удари на Мејведер и досуди технички нокаут. 

Спектаклот донесе рекорди на гледаност и заработувачка, па веројатно никогаш нема да има сличен меч во рингот во кој ракавиците ќе ги вкрстат боксер и ММА борец.