Боксот го добива првиот геј-шампион?

Боксот наскоро би можел да добие шампион, кој пред извесно време јавно призна дека е хомосексуалец.

Се работи за порториканскиот боксер Орландо Круз, кој в сабота во Кардиф ќе биде во ринг со англискиот боксер Тери Фланеган. Двајцата ќе се борат за ВБО појасот во лесна категорија.

Круз е првиот боксер кој јавно признал дека е геј. Тој тоа го направи во 2012 година, а истата година дури и стапи во брак со својот партнер.

Бранител на титулата е Фланеган, а Круз ќе брка историја и најголем успех во кариерата.