Бокс спектакл во Битола: Преку 3.000 луѓе на полуфиналето од државното првенство

Денес во спортската сала „Младост“ во Битола се одржаа полуфиналните борби на државното првенство во бокс. 53 боксери од 16 клубови од целата наша земја партиципираа, а преку 3.000 љубители на благородната вештина ги следеа борбите.

По 11 квалификациони борби познати се сите финалисти кои утре од 17.00 часот ќе се борат за националните титули. Најмогу боксери во утрешното финале ќе имаат боксерите од Пелистер 2007 од Битола и Баргала од Штип.

Првенството го следеа и голем број македонски боксери легенди, меѓу нив и Аце Русевски.