• Авто-мото

    Презентирани календарите за Балканскиот мото шампионат

    Балканската Мото Унија, на настанот кој го организираше во Софија, ги претстави календарите за 2016 година, за мото дисциплините во ново организираниот Балкански шампионат, досега познат како Источно-Европски шампионат. 

  • Себастијан Ветел Авто-мото

    Фетел: Мерцедес не е непобедлив

    Германскиот пилот во екипата на Ферари, Себастијан Фетел, вели дека неговата екипа може да го достигне нивото на Мерцедес, па дури и да има и подобар болид. Германецот беше одличен во својата прва сезона во италијанската екипа, со 3 победи и дури 13 подиуми. На крај, тој ја загуби борбата за второто место против Нико Розберг, но вели дека е убеден во перформансите на Ферари наредната сезона. Фетел беше презадоволен од подобрувањето што го направи Скудерија оваа зима. 

  • Мотокрос Македонија Авто-мото

    МФМ им оддаде признанија за најдобрите мотоциклисти за 2015 година

    Денес, во хотелот Александар Палас во Скопје, Мотоциклистичката Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2015 година. На свечениот настан претседателот на МФМ, Зоран Наумовски им се заблагодари на присутните за поддршката и им ги честиташе признанијата на спортистите.

  • Авто-мото

    Газдата на Форс Индија спремен за пензија!?

    Индискиот бизнисмен и милијардер, Виџај Малиа вели дека е спремен за својата пензија, која би требало да се случи многу брзо. Тој вели дека размислувал да се повлечe од својот бизнис во Формула 1 шампионатот. Нeговиот тим би можел да заврши во рацете на Астон Мартин или Џони Вокер, за кои вели дека се најсериозни кандидати за купување на Форс Индија.

  • Авто-мото

    Розберг прв низ целта во Абу Даби, на пиедесталот и Хамилтон и Раиконен

    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на трката за Големата награда на Абу Даби, со која заврши сезоната во Формула 1. Германецот на патеката „Јас Марина“, стигна до шестата победа во сезоната, вкупно 14. во кариерата. Тој ја водеше трката од почетокот до крајот, а место на победничкиот пиедестал изборија и светскиот првак Луис Хамилтон и возачот на Ферари Кими Раиконен. Хамилтон сезоната ја заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а тре во генералниот пласман е Фетел со 278 бодови.

  • Џејсон Батон- Мекларен Хонда Авто-мото

    Батон: Да ја заборавиме првата година на Хонда, наредната ќе бидеме многу подобри

    Мекларен имаше големи проблеми на почетокот на новата ера со Хонда оваа година, а на повеќето трки, Батон и неговиот тимски колега Фернандо Алонсо останаа без освојување на бодови.

  • Авто-мото

    Рено во потрага по нов дизајнер за агрегатот во 2016 година

    Францускиот производител на мотори, Рено е во потрага по квалитетен стручњак, кој ќе помогне во развојот на моторите за наредната сезона. На изненадување на сите тоа би можело да биде Марио Илиен, кој би ја добил позицијата главен дизајнер на погонскиот агрегат за 2016 година, а веќе беше одбиен од Французите во текот на сезоната кога му понуди свои ресурси за развој на агрегатот.

  • Таг Хауер Авто-мото

    Крај на 30-годишна соработка: Таг Хауер не е повеќе заштитен знак на болидите на Мекларен

    Вест на денот во Формула 1 светот  сигурно e прекинот на соработката помеѓу Мекларен и швајцарскиот бренд за часовници, Таг Хауер.

  • Авто-мото

    Нико Розберг доби орден за спортски успех од Принцот Алберт

    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше одликуван со орден за спортски успех од страна на принцот Алберт, на церемонија во палатата на принцот. Многумина се прашуваа зошто токму Розберг го доби овој медал, кој се доделува по повод Националниот ден на Монако, на 19 ноември, особено поради тоа што Луис Хамилтон е новиот Ф1 шампион.

  • Авто-мото

    Вурц ја одби понудата на Манор

    Александар Вурц, поранешниот Ф1 возач, не ја прифати понудата да стане главен оперативец на Манор. Тој му се заблагодари на Фицпатрик кој е сопственик на британскиот тим Манор, за укажаната доверба и покана, со известување дека има други планови.

  • Авто-мото

    Ван Дер Гарде ќе биде тест возач на Пирели

    Поранешниот Ф1 пилот и тест возач на Заубер, Гидо Ван Дер Гарде потпиша договор со Пирели за да биде нивни тест возач. Тој веќе ги тестираше гумите на Пирели, но тоа го стори со ГП2 болидот, а сега и официјално ја доби улогата на тест возач за италијанскиот произведувач на гуми.

  • Мика Хакинен Авто-мото

    Хакинен не гледа подобрен Раиконен во 2016 година

    Двократниот шампион од 1998 и 1999 година, Мика Хакинен не верува во способноста на неговиот сонародник, Кими Раиконен, да се врати посилен наредната година. Иако, оваа година Кими беше подобар во однос на 2014 г., сепак бодовната разлика помеѓу него и тимскиот колега е причината за сомнежот кај легендарниот шампион.

  • Авто-мото

    Ферари со понуда за партнерство до Ред Бул

    Шефот на Ред Бул Адриан Неви, во изјава за новинарите, кажа дека неговиот тим веќе ги договорил сите услови со новиот производител на агрегати за тимот од Милтон Кејнс, меѓутоа сеуште не откри за кој производител се работи.

  • Авто-мото

    Фелипе Маса без бодови од Бразил, Вилијамс со жалба до ФИА

    Бразилскиот возач Фелипе Маса и официјално е дисквалификуван од трката за ГН на Бразил поради тоа што судиите забележале дека неговите гуми биле потопли од дозволеното пред почетокот на трката. ФИА уште претходно постави граница од 110 степени за гумите, кои тимовите ги затоплуваат со специјални грејни тела пред самиот почеток на трката. Сепак пред самиот старт на трката официјалните лица забележале дека температурата на гумите кај Бразилецот е 127 степени, поради што автоматски беше дискфалификуван по завршувањето на трката иако го освои 8. место.

  • Авто-мото

    Поранешната девојка на Лоренцо навивала за Валентино Роси

    Сексипилниот италијански топ модел Елена Морали, судејќи по изјавите за новиот шампион шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо и нема некои добри спомени од нивната врска. Елена на социјалните мрежи со изјавите даваше целосна подршка за Валентино Роси пред завршната трка од Мото ГП шампионатот. 25-годишната Морали по завршувањето на последната трка признала дека му е жал поради тоа што титулата ја освоил Лоренцо, а не нејзиниот сонародник, Валентино Роси.

  • Авто-мото

    Рон Денис: Мекларен ги плаќа грешките од 2013 година

    Првиот човек на Мекларен Формула 1 тимот, Рон Денис, призна дека тимот сеуште ги плаќа грешките кои оваа година ги направи менаџментот на компанијата.

  • Розберг-Формула1-Интерлагос Авто-мото

    Розберг најбрз во Интерлагос

    Германецот Нико Розберг победи на предпоследната сезонска трка во Формула 1, Големата награда на Бразил. Розберг на патеката „Интерлагос“ ја забележа петтата победа оваа сезона, вкупно 13 во кариерата. Розберг во Бразил забележа сигурна победа, тој трката ја стартуваше од пол позицијата, а ниту еден од возачите не успеа да ја оспори неговата победа. 

  • Авто-мото

    Хамилтон лесно повреден во сообраќајка во Монако

    Британскиот возач, Луис Хамилтон ја кажа вистинската причина зошто не допатувал на време во Сао Паоло, а тоа е дека имал сообраќајна несреќа. За среќа никој не бил повреден, кога Хамилтон во Монако во 3.30 наутро се судри со друг автомобил. Британецот веднаш случајот го пријавил во полиција, а најдебелиот крај во судирот го извлече неговиот автомобил, Хонда со В12 мотор и 760 коњски сили. Пред тоа и од Мерцедес ја потврдија несреќата и кажаа дека Хамилтон е полесно повреден.

  • Авто-мото

    Затворена гаражата на Лотус во Бразил од страна на полициските служби

    Веднаш по пристигнувањето на тимот на Лотус, на патеката Интерлагос, полициските служби влегоа во гаражата и ја запленија целата опрема, а на одговорните лица му забранија секаков пристап. Неименуван извор од тимот вели дека челниците работат на решавање на проблемот и дека оваа ситуација нема да влијае на припремите за самата трка. Најверојатно причина за ваквото сценарио е непочитување на комерцијалните права.

  • Авто-мото

    Луис Хамилтон заради здравствени проблеми можно е да ја пропушти претпоследната трка во Бразил

    Според весникот Глобо од Сао Паоло, Луис Хамилтон ја откажал прес-конференција пред почетокот на претпоследниот викенд од сезоната. Од екипата на Мерцедес соопштија дека причината за ново настанатата ситуација е пред се заради лични проблеми на возачот, а мали се шансите дека оваа прес-конференција ќе биде презакажана.

Pages