Словакот Иван Јакеш погоден од гром на релито Дакар

Словакот Иван Јакеш на релито Дакар имаше несреќен случај, кога во близина на аргентинскиот град Сан Салвадор го погоди гром, на 180 километри пред крајот на 500 километри долгата етапа.

Инцидентот се случил во текот на третата етапа, кога моторциклистот и покрај ударот преживеа, благодарение на неговата брза реакција и спуштањето на ногата на тлото, па целиот електрицитет помина низ него.

И покрај несреќата Јакеш успеа да ја заврши трката на 15. место, а по деталните прегледи на лекарите е констатирано дека нема посериозни повреди и дека може да ги продолжи трките на релито.