Шампионски почеток за Катарецот Ал-Атијах на стартот на релито Дакар

На стартот на релито Дакар, катарскиот шампион Насер Ал-Атијах победи на првата етапна трка. Етапата од Асунсион (Парагвај) до Резистенција (Аргентина) беше долга цели 454 километри, a за време беа мерени 39 километри.

Во конкуренција на моторциклисти првото место го освои Тим Коронел, пред Том Коронел, кој заостана 1 минута и 5 секунди. Минатогодишниот победник Тоби Прајс заврши на 17. место.

Во конкуренција на камиони првото место го освои Чехот Мартин Колумни, пред Холанѓаните Генугтен и Ван ден Бринк.