Розберг: Ќе ми биде чудно да гледам Ф1 од мојот кревет

Нико Розберг

Актуелниот шампион во Формула 1, Нико Розберг потврди дека, иако си заминува физички од натпреварувањето, ќе остане верен фан и редовен гледач на трките од својот дом.

„Ќе бидам дома, на мојот кревет, и ќе ги гледам сите трки. Ќе ми биде чудно да го правам тоа, бидејќи одамна не сум се нашол во таква ситуација. Сигурно ќе ми биде емотивно да ги видам болидите и борбите на патеките. Да, секако дека со големо внимание ќе го следам шампионатот“ , рече Германецот.

Како фанатик за мото-спорт, Розберг најави дека неговата иднина нема да биде поразлична од неговото минато, а тоа е било каква вклученост со брзина.