Рикардо: Би го победил Хамилтон при еднаквост на услови

Даниел Рикардо и Луис Хамилтон

Австралискиот пилот во Ред Бул, Даниел Рикардо беше еден од најдобрите возачи за изминатата сезона. Тој доби повисока оценка од Луис Хамилтон од Мерцедес, за кого вели дека ќе го победи при еднаквост на услови.

„Секако дека можам да го победам Луис Хамилтон. Многупати ме прашале кој пилот сакам да го имам за колега, и секогаш мојот одговор е Хамилтон. Знам кои се неговите способности и мислам дека ќе имаме интересна меѓусебна борба. Ја имам самодовербата дека би можел да го победам“ , вели Австралиjанецотцот.

Рикардо откри дека неговиот однос со Хамилтон е сосема коректен, но сепак рече дека не смее да има преголемо пријателство помеѓу него и некој од ривалите.