Рено ќе го претстави новиот болид на 21 јануари

Новиот болид на Рено за претстојниот шампионат во Формула 1 ќе биде и официјално претставен на 21 јануари.  

Челниците на Рено во шампионатот во 2016 година освоија само 8 поени и завршија на деветото место на табелата кај конструкторите. Рено сега ќе го претстави болидот неколку дена пред екипите на Форс Индија, Мерцедес и Ферари, со цел да има и повеќе тест денови.

За Рено во новиот шампионат во Формула 1 ќе возат Џулијан Палмер и Нико Хулкенберг.