Патеката „Силверстоун“ се повлекува од Формула 1 во 2019 година?

Сопствениците на британската автомобилистичка патека „Силверстоун” размислуваат да стават крај на организација на трка од Формула 1 поради финансиски проблеми.

Сопствениците на историската патека испратиле пораки до сите свои вработени за евентуалниот крај на обврските по трката во 2019 година.

„Ќе ги разгледаме сите можности пред да направиме избор кон средината на годината. Финансиската ситуација не ни е совршена и нема да биде изненадување комплетно да ги затвориме Формула 1 активностите“, објавија од раководството на „Силверстоун”.

Договорот меѓу Формула 1 шампионатот е со важност до 2026 година, но и двете страни имаат право да го прекинат по 2019 година.