Ники Хејден се бори за живот

Ники Хејден, поранешниот шампион на Мото ГП, сè уште е во тешка здравствена состојба, откако вчера доживеа незгодна сообраќајна несреќа со својот велосипед во Италија, соопшти супербајк клубот за кого настапува сега, Ред Бул Хонда. 

„Неговото здравје е критично. Тој сè уште е на интензивна нега и се бори за живот. Се здоби со незгодни повреди и тешки оштетувања на мозокот. Не можеме ништо повеќе да кажеме за неговата состојба“, пишува во соопштението на клубот. 

Хејден во 2006 година беше шампион на Мото ГП, а моментално ја вози својата втора сезона во Супербајк.