Михаел Шумахер, три години од кобната несреќа во Франција

Михаел Шумахер

Поминаа точно три години од трагичната скијачка несреќа на најголемиот пилот во историјата на Формула 1 шампионатот, Михаел Шумахер. Германецот исто толку време се наоѓа во болница на лекување, по трагедијата во скијачкиот центар Марибел во Франција.

Шумахер официјално излезе од индуцираната кома на 16 јуни 2016 година и беше пренесен од болницата во Гренобл во приватна клиника во Лозана. Малкумина знаат точно што се случува со него и каква е неговата моментална здравствена состојба.

Медиумите постојано излегуваат со шпекулации поврзани за неговото здравје, а некои велат дека тој стигнал до само 50 кг., поради губењето на мускулна маса. 

За него се грижат околу 15 медицински лица, кои внимаваат на здравјето на шампионот во текот на сите 24 часа од денот. Трошоците за лекувањето се огромни и се движат некаде околи 140.000 евра неделно, односно повеќе од 20 милиони во текот на целиот период од несреќата.

Михаел Шумахер продолжува со неговата борба повторно да застане на нозе, што е и неговото мото на социјалните мрежи. Големиот шампион веќе три години е неподвижен, а надежта кај неговата сопруга Корина моментално е поголема од било кога, што може да се забележи од нејзиниот оптимизам пти секое појавување пред јавноста.