Мерцедес ќе го добие посакуваниот возач, а својот талент ќе го пушти на позајмица!?

Валтери Ботас Мерцедес

Прашањето, кој ќе биде замената за Нико Розберг во Мерцедес, набрзо ќе го добие својот одговор. Валтери Ботас направил тајна посета на германската екипа, што само го потврдува фактот дека Финецот ќе биде покрај Луис Хамилтон во новата сезона.

Но, Мерцедес има мала дилема околу својот млад талент, Паскал Велрејн, кој се уште не е спремен за место во екипата. Тие сакаат и понатаму да го задржат младиот германски пилот, кого најверојатно ќе го пуштат на позајмица во Заубер, кој оваа сезона финансиски се консолидира и ќе му понуди подобар болид.

Ваквото сценарио ќе биде добредојдено од страна на Мерцедес, но не и од Луис Хамилтон, кој навиваше за Велрејн како свој иден колега. Но, Бротанецот ќе има предност пред Ботас и ќе остане главен фаворит за шампионската титула во следната година.