Мерцедес донесе уште еден шеф на Ферари: Лоренцо Саси доби место во дизајнерскиот тим

Поранешниот шеф на моторите на Ферари, Лоренцо Саси потпиша договор со актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес. Од таборот на италијанската скудерија си замина и Енрико Кардиле, кого Ферари го прекомандуваше, па неминовна беше разделба.

Без овие двајца клучни делови од струката, се предвидува дека Ферари ќе биде далеку послаб во следниот шампионат кој почнува во мартин 2018 година. Саси доби клучно место во дизајнерскиот оддел на Мерцедес.

Претходно и Алдо Коста и Џејмс Елисон ги напуштија Ферари за да заминат во Мерцедес.