Мекларен негира дека Алонсо ќе вози на „24 часа Ле Ман“

Формула 1 тимот на Мекларен ја отфрли можноста Шпанецот од Овиедо Фернандо Алонсо да добие зелено светло за учество на трката „24 часа Ле Ман“.

„Оваа приказна е целосно неточна. Никогаш не сме разговарале ниту со Фернандо, ниту со некој од трката за негово учество таму“, објавија во посебно соопштение од Мекларен.

Дека Алонсо следната година ќе биде еден од учесниците на познатата трка напишаа сите светски медиуми, посебно шпанските, но овој демант драстично ги намалува шансите некогашниот Формула 1 шампионат да се обиде во друга гранка на автомобилизмот.