Легендата се откажа: Саинц му кажа збогум на релито Дакар

Легендата на релито Дакар, Карлос Саинц се откажа од натпреварувањето, откако излета со својот автомобил надвор од патеката и направи огромна штета.

Поранешниот победник на релито Дакар и двојниот шампион во светскиот рели шампионат, објасни дека неговото „Пежо“ се наоѓа во лоша состојба и дека нема да може да се поправи:

„Уништени сме. Добро започнавме на стартот на релито, но оваа незгода не чини многу скапо. Многу сум разочарам, бидејќи не успеав да го извлечам максималниот потенцијал од мојот автомобил“.

Пред да се случи несреќата, Саинц се наоѓаше на второто место во генералниот пласман.