Колку чини лекувањето на Михаел Шумахер во изминатите три години?

Поминаа повеќе од три години од тешката повреда на легендарниот Михаел Шумахер. Поранешниот член на Ферари се здоби со тешки повреди на главата по пад на скијање, по што цели шест месеци беше во кома. Од тогаш има многу малку информации за неговата здравствена состојба.

По будењето од кома, тој е префрлен во неговата резиденција во Швајцарија, каде и продолжува процесот на рехабилитација, во максимална приватност и само со најблиските.

Во меѓувреме британскиот „Дејли Мејл“ излезе во јавност со бројка од 24 милиони долари, колку што се потрошени во досегашниот период за лечење на Германецот „Сан“ тврди дека на неделно ниво фамилијата на Михаел Шумахер троши околу 164.000 долари неделно, за лекови и за 15 члениот медицински тим.

Михаел Шумахер кон крајот на минатиот век беше најплатениот спортист со годишна заработка од околу 50 милиони евра. Неговото богатство се проценува на цели 600 милиони евра, па и нема некој поголем проблем за да може самиот да го финансира своето лекување, во неговиот дом во Швајцарија. Секој фан на Германецот со нетрпение очекува во новата 2017 година да слушнe позитивни вести околу неговата здравствена состојба.