Формула 1 ја разгледува можноста да воведе „Grid Girls“ од наредната сезона

Формула 1 одлука

Спортскиот директор на Формула 1 шампионатот, Рос Браун изјави дека раководството сериозно размислува за можноста да се воведат популарните „Grid Girls“, кои ќе ги придружуваат пилотите на стартот од секоја трка.

Оваа традиција е дел од мото спортовите децении наназад, а Формула 1 одлучи да ја исфрли од своите трки поради промената на времиња, односно улогата на жената во општеството. Сепак, со конечната одлука нема да се брза со цел да се обезбеди подобра иднина за спортот.

По заминувањето на Берни Еклстон и доаѓањето на новите сопственици „Либерти Медиа“, многу повеќе се работи шампионатот да стане поатрактивен за да се привлечат што е можно повеќе фанови.