Ферари со тужба до ФИА, која ќе значи можна казна за Мерцедес и Ред Бул!?

Мерцедес

На три месеци од стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, на повидок е првиот скандал во новата година. Имено, екипата на Ферари поднесе тужба до Светската автомобилистичка федерација (ФИА), поради некоректно користење на системот на суспензија од страна на неколку екипи.

Се работи за актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес кој доминира во спортот во последните неколку години и за екипата на Ред Бул. Станува збор за ФРИК (систем за поврзување на задната и предната суспензија, кој помага во аеродинамиката на болидот), кој доби забрана за користење од страна на ФИА во 2014 година.

Сега одлуката за конструкцијата на новиот болид на Мерцедес и Ред Бул, пред првичните тестови во Барселона, ќе биде во рацете на ФИА.