ФОТО: Додека во Македонија се мрзне, во Парагвај вака се следи Дакар

Со првиот дел од Нова Година традиционално започна најпознатото и притоа најекстремно авто-рели Дакар, кое и оваа година се вози низ Јужна Америка.

Годинава стартот беше во Парагвај, каде што во моментот владее лето, за разлика од нашата држава, која се наоѓа во екот на зимата. Интересот да се проследи во живо релито е огромен во овој дел од светот, па публиката наоѓа различни начини да дојде до што подобра позиција и автентично да го долови вистинскиот дух на релито.

Пример за ова е група Парагвајци, кои си го споија задоволството да го следат релито, но притоа и уживаат и се ладеа од големите горештини. Тие зазедоа положба во една река, каде што монтираа тенда и ги следеа во живо натпреварувачите, кои мораа да минат низ вода.