„Би-Би-Си“ го изгласа Себастијан Фетел за најголемо разочарување во изминатата сезона

Себастијан Фетел

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел беше избран за најголемо разочарување за изминатата сезона, според анкетата спроведена од страна на „Би-Би-Си“.

29-годишниот германски пилот не беше ни блиску до борба за титулата, иако неговата најава за сезоната беше оптимистичка по првите неколку трки.

Тој не победи на ниту една од 21. трка во календарската година, а вниманието го привлече со честите судири на патеките и пцовките, кои ги испраќаше до своите колеги на патеката преку тимското радио.

Фетел освои 26% од гласовите и заврши пред Даниел Квјат, кој поради него мораше да го напушти Ред Бул и да се пресели во Торо Росо. На третото место се најде Естебан Гутиерез, кој поради слабите резултати со болидот на Хаас го загуби своето место во Формула 1 шампионатот за наредната година.

Според најавите и очекувањата на фановите, притисокот врз Себастијан Фетел во 2017 година ќе биде поголем од било кога.