39. издание на „Релито Дакар“ почнува утре во Боливија

Утре официјално почнува 39. издание на „Релито Дакар“, кое ќе се вози во Боливија, Парагвај и Аргентина. За титулата ќе се борат поранешните светски прваци во разни автомобилски категории Себастијан Леб, Карлос Саинц и Мико Хирвонен.

Во текот на релито кое ќе трае до 15 јануари возачите ќе имаат еден слободен ден, а во споредба со последните неколку сезони, овој пат релито е значително потешко, а и климатските услови не им одат во прилог на натпреварувачите.

Шеста година по ред „Релито Дакар“ ќе се вози во Јужна Америка, откако претходно имаше сосема поинаква делница.