Пирсон го одбрани златото од Даегу, Харисон остана без медал

Во првото финале на претпоследниот ден на Светското првенсво во атлетика во Лондон, Сали Пирсон од Австралија стана нова планетарна шампионка на 100 метри со пречки во женска конкуренција. Таа го одбрани златото пред две години во Даегу и со време 12.59 секунди прва мина низ целта. 

Сребрениот медал и припадна на Американката, Даун Харпер Нелсон, која со резултат 12.63 секунди немаше сили во завршницата да ја мине шампионката. Бронзата патува за Германија кај Памела Дуткевич, која од втор план дојде до место на пиедесталот со резултат 12.72 секунди.

Светската рекордерка, Кендра Харисон од САД остана без медал, освојувајќи го четвртото место и покрај одличниот старт.