ВИДЕО: Неславен крај на „кралот“ - Болт се повреди, британската штафета дотрча до сензација!

Јусеин Болт на најмалку очекуван начин ја заврши професионалната кариера, откако го повреди мускулот и во последната измена не ја дотрча својата делница за штафетата на Јамајка. Тажен и неславен начин за „кралот на спринтот“, кој претходно освои бронзен медал на 100 метри.

По четири златни медали Јамајка го предаде приматот, но Американците пак не се радуваа на злато. Во фото-финиш британската штафета во состав Уџах, Џемили, Талбот и Мичел Блејк ги победи Американците и со резултат 37.52 секунди го освои првото злато во новата историја, во новиот милениум.

Американците Роџерс, Гетлин, Бејкон и Колеман се сребрени, а Јапонија дотрча до бронзениот медал. Јамајка по повредата на Болт на крајот заврши на последното осмо место. Болт кариерата ја заврши со 14 медали, од кои 11 златни, две сребра и еден бронзен.