Мо Фарах користел допинг во дозволените граници, на ред е ВАДА

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја испитува дозата на забранета супстанца, која Мохамед Фарах ја добил пред почетокот на маратонот во Лондон (2014 година). Според докторот на атлетичарот Робин Чалкравети (моментално доктор на Англија) количината на l-karnitin, која ја примил Фарах била во дозволените граници на ВАДА, но поради тоа што тој се грижел за повеќе од 140 спортисти не успеал да ги зачува записите.

„Имавме пропусти во случајот на Фарах, бидејќи не успеавме да го документираме и зачуваме целиот случај. Тоа е единствената грешка во случајот на Фарах“, изјави докторот, Чакравети.

Чакравети потврди дека Фарах добил доза од 13,5 милилитри, што е помалку од дозволените 50 милилитри за шест сати и дека тоа го направил со инјекција, а не со инфузија. Фарах инјекција примил по консултација со тренерот Алберт Салазар. Токму тренерот на Фарах е под истрага на американските и британските антидопинг агенции поради тврдењата дека им помагал на спортистите при користење на недозволени супстанции. 

Фарах кој е олимписки шампион на 5.000 и 10.000 метри од игрите во Рио заедно со неговиот тренер категорично ги отфрлија сите обвиненија за наводен допинг. Дали Фарах е навистина чист или пак врвните резултати се благодарение на допинг ќе покажат дополнителните испитувањата од старана на ВАДА.