Јоханес Ветер златен во фрлање копје, Ласитскене најдобра во скок во вис

Германецот Јоханес Ветер е нов светки првак во фрлање копје, откако вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Лондон оствари резултат од 89.89 метри, што е најдобро постигнување оваа сезона. 

Сребрениот медал го освои Јакуб Вадлех, а бронзениот Петр Фридрих, двајцата од Чешка. 

Марија Ласитскене е светка првенка во скок во вис, откако единствена прескокна 2.03 метри. Среброто оди на градите на Јулија Левченко од Украина, а бронзена е Камила Ливчинко од Полска.