Етиопјаните му го украдоа златото на Фарах на прошталната трка

Етиопските атлетичари на долги патеки го расипаа најавеното славје на последната трка на Мо Фарах на Светските првенствоа. Иако, Британецот роден во Сомалија беше главен фаворит на 5.000 метри, атлетичарите од Етиопија со смислена стратегија и повеќе сила му го украдоа златото.

Муктар Едриз со неверојатна свежина во последните 400 метри, прв мина низ целта и со време 13:32.29 минути го освои златниот медал. Фарах со напад од внатрешната патека стигна до среброто, а Американецот роден во Кенија, Пол Челимо го освои бронзениот медал.

Како и Јусеин Болт, така и Мо Фарах заминува во легендата без злато во неговата омилена дисциплина, иако пред осум дена освои златен медал на 10.000 метри. По митингот од Дијамантската лига, Фарах ќе се ориентира на маратонско трчање и нема да се натпреварува на 5.000 и 10.000 метри.