Дарио Ивановски второпласиран на „Белиот крос“ во Белград

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски со одличен резултат се врати од „Белиот крос“ кој минатиот викенд по 51. пат се одржа во Белград.

На трката на 6.000 метри Ивановски низ целта мина како второпласиран со резултат од 18:44.01 минути. Победник беше Јан Кокаљ од Словенија (18:39.6).

Од останатите македонски маратонци, Милош Ранчиќ го освои седмото место, Игор Јакимовски ни целта мина како 17-ти, а Стефан Милановски заврши на 21. место.